Петар Богојески ќе ја „толчел гнасната левичарска рака во цел свет, особено во Македонија“

Во Америка велат дека е доста со политичкото насилство по шокантното убиство на конзервативниот активист и сојузник на Доналд Трамп, Чарли Кирк, но во Македонија Петар Богојески вели дека треба да се толчи „левичарската рака“.

Иако убиецот на Кирк е на слобода и очигледно дека тоа го извел професионално (од 200 метри оддалеченост), а полицијата и ФБИ не знаат ни кој е ни кои му биле мотивите, лидерот на Македонски концепт веќе одреди дека тој бил левичар. Богојески го нарече Кирк „срцето на Америка“.

Во објавата на Фејсбук напиша: „Убиен е Чарли Кирк, срцето на новата Америка. Го уби гнасна левичарска рака… која мора да биде столчена низ цел свет, особено во Македонија и САД“.

На овој пост на Богојески имаше огромни реакции, во кои пишува дека тој повикува на убиства на неистомислениците и дека треба да се засрами од она што го кажува. А и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го прими во закрилата на партијата.