Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

„Медиумите во земјава не се финансиски самоодржливи, особено со финансиски проблеми се соочуваат истражувачките медиуми, новинарските плати се под нивото на просечна плата во државата, а професионалните стандарди често се заобиколуваат со објави на дезинформации од мејснтрим медиуми“.

Спорите реформи во медиумите, влијанија и притисоци од политички фактори, економската несигурност и присуството на дезинформации,  придонесува за ниска доверба на јавноста во медиумите. Ова се дел од предизвиците со кои се соочуваат медиумите во државава, се заклучува во извештајот „Во сенка на слободата на медиумите во Северна Македонија, изработен од автори од ОВСТ ( Osservatio Balcani Caucaso Transeuropa ) и Метаморфозис.

„Медиумите во земјава не се финансиски самоодржливи, особено со финансиски проблеми се соочуваат истражувачките медиуми, новинарските плати се под нивото на просечна плата во државата, а професионалните стандарди често се заобиколуваат со објави на дезинформации од мејснтрим медиуми“.

Во извештајот е потенцирано дека клучен предизвик е плурализмот на медиуми односно неплурализмот, затоа што покрај големиот број на медиуми постои огромна поделеност на пазарот, што резултира со финансиски потешкотии кои создаваат проблем во одржувањето на професионалност и отпорност кон притисоци. Дополнително, државното финансирање има се поголема улога во македонските медиуми што предизвикува сериозни грижи во однос на независноста, особено во предизборната кампања.

Дополнителен проблем во извештајот на О БИ СИ ТИ (ОВСТ) и Метамофозис се забележува и за неефикасните истраги и бавните судски постапки. Според податоците на Здружението на новинари, во изминативе години значително е намален бројот на физички напади врз новинарите, но затоа он лајн просторот стана арена за битка против новинарите. Извештајот содржи и сет препораки упатени и до државните институции и до засегнатите страни во Европската унија, со повик за преземање решителни чекори за заштита на слободата на медиумите во согласност со европските и меѓународните стандарди.