
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
– Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета – се наведува во соопштението на министерството.
Руското министерство за одбрана се огласи по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, за што претходно извести Варшава.
– Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета – се наведува во соопштението на министерството.
Тие додаваат дека дострелот на руските беспилотни летала користени во нападот, кои наводно ја преминале полската граница, „не надминува 700 километри“.
– Сепак, подготвени сме да одржиме консултации со полското министерство за одбрана по ова прашање – наведе руското Министерство за одбрана.
Кремљ одби да коментира за инцидентот, со порака дека тоа е прашање за функционери од одбраната.