Запален автомобилот на Чомбе во Кисела Вода

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, пренесува „Слободен печат“.

Галетановски за порталот ја потврдил информацијата, објаснувајќи дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее во скопската населба Кисела Вода.

Полицијата вршела увид, а самиот Галетановски го разбудил неговиот брат за да му каже дека автомобилот е во пламен и дека се слушаат експлозии од пукањето на гумите. Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

-Автомобилот е „пепел“. Ми се јави брат ми, вели – ти гори автомобилот, се слушаат експлозии, гумите пукаат. Се симнав долу, веќе беше пристигната противпожарна екипа, а лицето што го направило ова е видено како бега, слаб, висок со дуксер. Позната е траекторијата на движење на лицето. Ниту сум скаран со некого ниту пак некој ми се заканувал. Апелирам до МВР и министерот што побрзо да го фатат сторителот. Не ми е за материјалната штета, туку за животот во Кисела Вода, не сакам младите да живеат со вакви проблеми во населбата каде сакам да има мирен живот и во Скопје да не се случуваат вакви работи, изјави за „Слободен печат“ Галетановски.