
Руската нафта повторно тргна за Словачка и Унгарија преку нафтоводот „Дружба“
Словачката министерка за економија Дениса Сакова денеска во објава на Фејсбук соопшти дека е продолжено снабдувањето преку нафтоводот „Дружба“. „Се надевам дека бизнисот ќе остане стабилен и дека нема да има повеќе напади врз енергетската инфраструктура“, рече Сакова.
Обновено е снабдувањето со руска сурова нафта за Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“ по прекинот предизвикан од украинскиот напад во Русија минатата недела, објавија денеска унгарската нафтена компанија МОЛ и словачкиот министер за економија.
Словачка и Унгарија продолжуваат да ги задоволуваат поголемиот дел од своите потреби за нафта од Русија и сакаат да ги одржат тие резерви и покрај напорите на Европската Унија да се дистанцираат од користењето на руските природни ресурси. Нивното снабдување беше прекинато неколку пати минатата недела, а немаше испораки од 21 август, откако Украина ја погоди пумпната станица Унеча.
Словачката министерка за економија Дениса Сакова денеска во објава на Фејсбук соопшти дека е продолжено снабдувањето преку нафтоводот „Дружба“. „Се надевам дека бизнисот ќе остане стабилен и дека нема да има повеќе напади врз енергетската инфраструктура“, рече Сакова.
Унгарската нафтна компанија МОЛ, која управува со рафинерии во Унгарија и Словачка, соопшти дека нафтата пристигнала во двете земји, но не даде други детали.
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, вчера изјави дека пратките би можеле да продолжат од денеска во ограничен режим со количини помали од стандардните.
Рафинериите без прекин го покрија снабдувањето со нафта, користејќи ги своите резерви. Британските медиуми појаснуваат дека долгорочен прекин би можел да ги принуди двете земји да ги искористат своите резерви и на крајот да доведе до поголем увоз преку алтернативен цевковод од Хрватска.