МотоГП: Марк Маркез од пол позицијата ќе стартува на ГН на Унгарија

Шпанецот Марк Маркез (Дукати) ќе стартува од пол-позицијата на Мото ГП трката за Големата награда на Унгарија, откако оствари најбрзо време во денешните квалификации.

Шпанецот Марк Маркез (Дукати) ќе стартува од пол-позицијата на Мото ГП трката за Големата награда на Унгарија, откако оствари најбрзо време во денешните квалификации.

Водечкиот во генералниот повторно беше најбрз на сосема новата патека Балатон Парк во близина на езерото Балатон.

Шесткратниот светски шампион во категоријата, кој ја обезбеди својата 74 полпозиција во кариерата, ги остави зад себе Италијанците Марко Безеки (Априлија) и Фабио Ди Џанантони (Дукати-VR46).

Алекс Маркез, втор во пласманот со заостанување од 142 бодови, ги заврши квалификациите на 11 место, но ќе стартува од 14 позиција, откако доби казна од три места за бавно возење на патеката за време на тренингот и попречување на друг возач.