Русија прогласи победа во украинскиот пристанишен град Мариупол откако преку соопштение тврдат дека „целосно го ослободиле“ градот откако се предале и последните борци од фабриката за челик „Азовстал“.
Руските власти информираа дека 531 украински војник вчера го напуштиле местото, а во последните неколку дена вкупниот број на лица кои се предале изнесувал 2.439.
Руското Министерство за надворешни работи синоќа објави и видео на кое е прикажано предавањето на војниците.