ВМРО-БНТ на протест со порака „Македонија е бугарска“

ВМРО-БНТ, бугарската партија во градот Кресна денеска организираше протести против евентуалното тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на С. Македонија со ЕУ, јавуваат бугарските медиуми. Причина за протестот, според нив, е колебливиот став на Владата и премиерот Кирил Петков во однос на С. Македонија и нејзиното членство во ЕУ.

Почетокот на протестот бил во 12 часот со слоган „Не ја изневерувајте Македонија“.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека Владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“ – изјавиле дел од учесниците на протестот.

„Ќе се обидат да го сменат ставот во насока „да ги оставиме да почнат да преговараат, па ако е така, ќе ги запреме“ „Жал ми е за тешкотиите што ќе наидат, но на крајот, Македонија е национална кауза и за тоа мора да се направат некои жртви, вклучително и непријатностите на патот“ – рече и потпретседателот на ВМРО-БНТ, Ангел Џамбазки.

Од партијата соопштија дека планираат да протестираат во наредните денови на клучните патишта во земјата и на граничните премини со С. Македонија.