Трамп ќе зборува со Путин по средбата со Земенски, можен е нов состанок

Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.

На последното новинарско прашање – дали очекува нешто повеќе од неодамнешниот самит со Владимир Путин – Трамп изјави:

„Токму разговарав со претседателот… Всушност, неформално веќе разговарав со претседателот Путин, а ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес.

Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.

Претходно во разговорот, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерален состанок меѓу него, Путин и Трамп.

Зеленски: Подготвен сум за трилатерална средба