Tрамп на состанок со Зеленски: Украина ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.

Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:

„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“

На Трамп му беше поставено и прашањето дали денешниот самит е „договор или ништо“.

„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.

„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“

Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.

Следете ВО ЖИВО.