
Приведени се 56 лица на антивладините протести во Србија
Според информациите, вкупно 56 лица биле донесени во полициски станици, од кои 16 се приведени поради основано сомнение за сторено кривично дело – насилно однесување на спортски настан или јавен собир. Против уште 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
За време на вчерашните антивладини протести Србија, биле приведени 56 лица, информираше денеска српското министерство за внатрешни работи (МВР).
Според информациите, вкупно 56 лица биле донесени во полициски станици, од кои 16 се приведени поради основано сомнение за сторено кривично дело – насилно однесување на спортски настан или јавен собир. Против уште 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Во Белград се приведени 27 лица, а против 22 ќе следуваат прекршочни пријави. Во Ваљево, пак, полицијата донела 29 лица, од кои 15 се приведени, а против 13 ќе бидат поднесени пријави.
МВР соопшти дека шестмина полицајци се повредени при интервенциите, сите со полесни повреди.