СЗО за новиот вид на коронавирусот – Омикрон смета дека е „многу висок“ глобален ризик.
„Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок“ – стои во извештајот на СЗО.
Проценката се дека овој тип на вирус има голем број мутации кои претставуваат поголем ризик од повторни инфекции кај прележаните лица.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека глобалната заедница се соочува со закана од нова, многу пренослива варијанта на Ковид-19, Омикрон.
„Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус“ – рече таа.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус рече дека има многу несигурности за тоа колку може да биде пренослива и тешка инфекцијата на Омикрон.
„Појавата на силно мутираната варијанта Омикрон укажува колку е опасна и неизвесна нашата ситуација“, рече Гебрејесус.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е длабоко загрижен за изолацијата на земјите од јужна Африка, откако некои земји воведоа нови рестриктивни мерки.
„Ги повикувам сите влади да размислат за повторно тестирање на патниците, заедно со сите други соодветни и ефективни мерки, со цел да се избегне ризикот од пренесување на инфекцијата“ – рече Гутереш.
Претседателот на САД, Џо Бајден поради Омикрон-вирусот рече дека причина за загриженост има, но не и за паника.