
Кенеди јуниор: Трошиме повеќе за здравство од било која друга земја, а имаме најмногу болни во светот! Како е можно тоа?
-Имаме криза со дебелината, имаме криза со дијабетес. Стапките на аутизам кај нашата популација - во 1970 година ја имавме најголемата епидемиолошка студија спроведена дотогаш, според која околу 0.7 отсто, значи помалку од 1 од 10 000 Американци имале аутизам. А денес, според најновите податоци од ЦДЦ (американскиот Центар за контрола на болести и превенција, н.з.), што е една од агенциите кои јас ги водам, таа бројка е 1 на секое 31 дете. Едно од 20 момчиња во Калифорнија, која има најдобра архива на податоци од која било друга наша држава, веројатно и најточна, што значи дека веројатно е и полошо од ова – едно од 19 деца има аутизам. Значи навистина треба да ја промениме ситуацијата
-На секое ниво, од докторите, болниците, до осигурителните компании, фармацевтските компании, луѓето заработуваат пари со тоа што ги одржуваат болестите кај Американците, не ги лечат луѓето, туку ги одржуваат болни. Така што, денес имаме население со најмногу болести на светот. Повеќе од 60 отсто од нашите деца страдаат од хронични болести. Кога чичко ми беше претседател (Џон Кенеди, убиен во Далас во 1963 г. н.з.), јас имав 10 години, тоа беа само 3 отсто, изјави во едно од своите интервјуа, американскиот секретар за здравство, Роберт Кенеди јуниор.
Според податоците што тој ги изнесе околу 8 од 10 американски деца не можат да се квалификуваат за воена служба.
-Имаме криза со дебелината, имаме криза со дијабетес. Стапките на аутизам кај нашата популација – во 1970 година ја имавме најголемата епидемиолошка студија спроведена дотогаш, според која околу 0.7 отсто, значи помалку од 1 од 10 000 Американци имале аутизам. А денес, според најновите податоци од ЦДЦ (американскиот Центар за контрола на болести и превенција, н.з.), што е една од агенциите кои јас ги водам, таа бројка е 1 на секое 31 дете. Едно од 20 момчиња во Калифорнија, која има најдобра архива на податоци од која било друга наша држава, веројатно и најточна, што значи дека веројатно е и полошо од ова – едно од 19 деца има аутизам. Значи навистина треба да ја промениме ситуацијата. Треба да ги смениме работите во оваа Агенција, и да ја направиме, да започнеме на секое ниво, да ги менуваме овие перверзни состојби кои ги прават луѓето богати со тоа што ги одржуваат луѓето болни, не да умрат, но не и да оздрават, туку да бидат постојано под потреба од лечење. Тоа мора да го смениме“, вели Кенеди, кој иако некогаш беше демократ, како што е впрочем и целето семејство Кенеди, прифати да работи со републиканците и со претседателот Трамп, само и само да може да придонесе за справување со, според него, лошата состојба со здравјето на Американците.
При сослушувањето во Сенатот на САД, пред да биде потврдено неговото именување на функцијата, од една накострешена сенаторка беше прашан:
– Дозволете ми тогаш да ве прашам следново, бидејќи постојано ја цитирате администрацијата на Трамп, само ќе го извршувате тоа што тие ќе го кажат, тоа ли го правите, само автоматски ќе одобрувате сè што ќе кажат тие? Без разлика дали сте тоа вие, може да биде кој било, сè додека се само извршители за оваа администрација, игнорирајќи ги вашите сопствени убедувања и она што вие го мислите. Значи, моето прашање до вас е – ако навистина е од суштинско значење за она во кое што верувате, како живеете со тоа? Како се справувате со тие прашања додека продолжувате понатаму знаејќи дека тоа ќе им наштети на Американците?
Кенеди се обиде да одговори:
Претседателот Трамп ми рече – стави крај на епидемијата на хронични болести и направи ја Америка повторно здрава.
Беше прекинат и прашан:
-Дали тогаш тоа е единствената причина зошто сте во Министерството за здравство, за да се справите само со тој еден проблем?
На тоа Кенеди поопширно објасни:
– Претседателот Трамп ме назначи бидејќи сум во единствена позиција да ставам крај на тоа, и тоа и го правам. Ако не го решиме тој проблем, сенаторке, сите други дебати што ги имаме околу тоа кој плаќа и дали тоа се осигурителните компании, дали тоа се давателите на услуги, дали се организациите за одржување на здравјето, дали тоа се пациентите или нивните семејства, сето тоа е залудно, нашиот брод тоне.
Имаме зголемување и имаме најголема буџетска линија во моментов, и расте побрзо од која било друга, трошиме повеќе пари од било која друга земја во светот, а ниедна друга земја во светот го нема она што го имаме ние овде. Ниедна друга земја нема толку хронични болест. Ние имаме највисока стапка на хронични болести од која било земја во светот. За време на КОВИД, имавме 16 отсто од смртните случаи предизвикани од КОВИД, а имаме само 4,2 отсто од светската популација. Имавме поголем број на смртни случаи од која било друга земја во светот. И кога ЦДЦ беше прашан зошто, рекоа дека тоа е затоа што Американците најмногу страдаат од болести во целиот свет. Просечен човек што починал од КОВИД, Американец, имал 3,8 хронични болести. Ова е егзистенцијална закана, економски, за нашата војска, за нашето здравје, за нашето чувство на благосостојба. И тоа е приоритет за претседателот Трамп. И затоа ме повика да ја водам агенцијата. И ако ја имам таа привилегија да бидам потврден, токму тоа и ќе го направам