Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со премиерката на Србија – Ана Брнабиќ.
На средбата ги потврдија долгогодишните и традиционално добрите билатерални односи кои дополнително се зајакнуваат од година во година, низ интензивен и пријателски политички дијалог потврден со редовни и чести средби и посети на високо ниво.
Ковачевски ја истакна помошта и поддршката од Србија за време на КОВИД-19 кризата кога оваа земја го помогна справувањето со пандемијата со вакцини и друга медицинска помош.
Ковачевски и Брнабиќ оценија дека иницијативата треба да продолжи да функционира како платформа за регионална соработка на сите нивоа, притоа потенцирајќи дека е отворена поканата на претстојниот Самит на Отворен Балкан во Охрид да земат учество и другите земји од регионот со што ќе се почувствува поголема придобивка за сите граѓани од Западен Балкан.
Србија е трет најголем трговски партнер на С. Македонија и премиерите Ковачевски и Брнабиќ констатираа дека вкупна вредност на трговската размена од над 1 милијарда долари.
На средбата како позитивен беше оценет моментот на придвижување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со цел за надминување на меѓусебните прашања.