Двојно убиство во Будва: Уапсен е маж осомничен за убиство на својот брат и внук

Очевидци наведуваат дека по вербален конфликт, дошло до пукотница во која биле убиени таткото и синот, додека братот и чичкото на осомничениот биле веднаш уапсени.

Полицијата во Будва утрово го уапси В.С. (65) од Будва, кој е осомничен за убиство на сопствениот брат С.С. и неговиот син Н.С.

Според црногорските медиуми, околу осум часот во полицијата е пријавена пукотница во централниот дел од будванскиот брег, по што полицајците веднаш излегле на местото на настанот, го пронашле осомничениот и го привеле. На местото на настанот е пронајдено и оружје, за кое се верува дека е употребено во ова двојно убиство.
Според неофицијални информации, на трагедијата ѝ претходела расправија поврзана со семејни работи. Имено, сите тројца со години се занимаваат со туристички превоз со чамци и бродови, а конфликтот околу поделбата на работата и приходите кулминирал со крвав епилог.

Очевидци наведуваат дека по вербален конфликт, дошло до пукотница во која биле убиени таткото и синот, додека братот и чичкото на осомничениот биле веднаш уапсени.

Истрагата е во тек, а на местото на настанот се очекува доаѓањето на вишиот државен обвинител, кој ќе ја води понатамошната постапка.

Црногорската јавност е длабоко потресена од ова семејно злосторство што се случи во екот на туристичката сезона, во самото срце на Будва.