Поранешниот македонски премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Љубчо Георгиевски во интервју за „БТВ“ вели дека премиерите на Македонија и Бугарија имаат волја за решавање на спорот, но се жртви на влијанието од нивните партии, коалициските партнери, како и општата ситуација во државата.
„И двете власти се под тежок притисок од страна на противниците“ – вели Георгиевски.
Неговата оценка е дека последните година и половина се кулминација на влошувањето на односите меѓу Скопје и Софија.
„Односите се влошени зашто се гледа само јазикот на омразата и во двете страни. И двете држави може да изгубат ако го продолжат тој систем на блокирање и продолжување на кризате“ вели тој.
Георгиевски смета дека Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на Македонија бидејќи со тоа ќе добијат повеќе права.