Брнабиќ: Трпиме огромни притисоци, 82 дена даваме отпор против санкции за Русија!

Ана Брнабиќ – премиерката на Србија смета дека дојавите за бомби во нејзината земја се притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија.

„Ние даваме отпор 82 дена, ние сме единствената земја во Европа која нема воведено санкции кон Русија, дури и постојано неутралната Швајцарија ги воведе, дури и БиХ ги наметна, и ако за тоа не се прашаа сите што треба да се прашаат. Ние сме единствената земја која не воведе санкции и трпиме огромни притисоци, кои се страшни и секој ден стануваат се потешки, посилни и полоши“ рече таа.

Брнабиќ оцени дека дојавите за бомбите се внимателно испланирани и оти тие сигурно доаѓаат од странство.

„Некој погледнал какви може да бидат сите туристички атракции, кај нас тропикариумот е мал и повеќето не знаат за него, што ви покажува дека некој го планирал тоа и дека доаѓа од странство, затоа што ако некој го смислил тоа од Србија, никогаш не би испратил дојава до тропикариумот“ смета српската премиерка.