Дел од училиштата во Србија се вратија на онлајн настава поради дојавите за бомби
Дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава, а ова доаѓа откако зачестија анонимните дојави за поставени бомби.
Информациите од тамошните власти се дека состојбата во училиштата ќе се приспособува во однос каде е ситуацијата безбедна, а таму каде што не е – ќе се одвива онлајн.
Министерот за образование – Бранко Ружиќ денеска изјави дека поради дојавите училиштата ќе го приспособат наставниот модел и дека таму каде што ситуацијата е безбедна децата директно ќе следат настава, додека во училиштата кои не се прегледани родителите ќе бидат известени дека наставата ќе се одржува од далечина.
Тој изјави дека во 100 отсто од контролните училишта пријавите биле лажни и дека тоа е најважно од аспект на безбедноста на децата.
Вчера до 97 основни и неколку средни училишта пристигнале дојави за бомби. Министерот рече дека желбата била да се предизвика паника.
Тој посочи дека е важно безбедносните служби да си ја завршат работата.