Министерот за надворешни работи на Украина – Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја нема друг избор освен да победи во војната бидејќи исклучува можни отстапки за Русија кои би можеле да доведат до прекин на огнот. Тој ја опиша кризата како „војна за егзистенција“ и рече дека е важно Украина сега да ги запре руските сили.
„Учествувајте во победата со нас за доброто на светот бидејќи ова не е само војна на Русија против Украина, ова е закана што Русија ја претставува за целиот свет“ рече Кулеба и додаде: „Мораме да ги запреме овде за другите да не страдаат како нас“.
„Ова е војна за нашето постоење бидејќи претседателот Путин не го признава нашиот идентитет, не го признава правото на украинската држава да постои. Затоа разбираме дека немаме друг избор освен да победиме во оваа војна, бидејќи тоа е војна за нашето постоење, рече Кулеба и додаде дека победата во војната ќе значи враќање на територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници. Немаме намера да заземеме ничие парче земја, дури ни педа, туку сакаме сè што ни припаѓа да биде наше“ – нагласи шефот на украинската дипломатија.