Села обвинува: Се копаат криптовалути во училишта кои ги раководи ДУИ

Зијадин Села – лидерот на Алијанса за Албанците синоќа во емисија на тв 21 обвини дека се копаат криптовалути во училишни објекти кои се раководени од кадри на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ).

„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?“ – праша Села.

Тој вели дека кога ќе имаат повеќе и поконкретни информации и имиња, ќе излезат со детали за ова обвинувањето на прес-конференција.

Лидерот на АА рече и дека за разлика од политичарите од ВМРО-ДПМНЕ експонирани во времето на Никола Груевски, ниту еден член на ДУИ не е осуден за злоупотреби, иако партијата 10 години беше во власта со ВМРО-ДПМНЕ.