ЦУК: Три активни пожари, еден под контрола

Во текот на изминатото деноноќие се изгасени вкупно 17 пожари на отворен простор

Активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што е зафатена мешана шума, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Македонски Брод, каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, и кај селото Нивичино во Василево, каде што е опожарена нискостеблеста шума.

Под контрола и натаму останува пожарот во дојранско Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума.

Во текот на изминатото деноноќие се изгасени 17 пожари на отворен простор и тоа:

  • Општина Чучер Сандево: село Мирковци, кај манастирот „Св.Илија“, м.в. Чардак (ниска вегетација)
  • Општина Карпош: ул. „Бриселска“ (ѓубре)
  • Општина Арачиново: село Арачиново (ниска вегетација)
  • Општина Илинден: село Илинден (ниска вегетација)
  • Општина Студеничани: село Батинци (ниска вегетација)
  • Општина Студеничани: ул. „7“ во село Батинци (ѓубре и даски)
  • Општина Гази Баба: клучка Илинден – Арачиново (ѓубре и ниска вегетација)
  • Општина Битола: село Лавци – Смолево (шума и ниска вегетација)
  • Општина Прилеп: над аквапарк Салида (ниска вегетација)
  • Општина Прилеп: кај бензинска Салида (ниска вегетација)
  • Општина Василево: помеѓу село Пиперево и село Василево (стрниште и ниска вегетација)
  • Општина Охрид: село Буково (депонија)
  • Општина Охрид: село Требеништа (ниска вегетација)
  • Општина Пробиштип: помеѓу селата Троoло и Петришино (ниви со житна култура и ниска вегетација)
  • Општина Куманово: село Умин Дол, во двор на ОУ „Карпош“ (ниска вегетација)
  • Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација)
  • Општина Гостивар: наплатна рампа Гостивар (ниска вегетација)