
Радев: Македонија сама се блокира на патот кон ЕУ
„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во уставот заедно со другите народи што ја формираат држава“, рекол Радев кој бил категоричен дека Бугарија не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.
Македонија сама се блокира на патот кон Европската унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Ова во Загреб го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој кој е во официјална посета на Хрватска на покана на Зоран Милановиќ.
Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите што живеат во Македонија.
„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во уставот заедно со другите народи што ја формираат држава“, рече Радев, цитиран од Бугарското национално радио.
Радев беше категоричен дека Бугарија не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.
„Но, ние инсистираме да се почитува сè што е договорено“, рече и Радев за време на прес-конференцијата со неговиот домаќин Зоран Милановиќ.