
Русија: НАТО ја подготвува Молдавија за конфликт со Москва
Северноатлантската алијанса се обидува да ја вклучи Молдавија во потенцијален вооружен конфликт со Русија, оцени денеска Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СНР).
Северноатлантската алијанса се обидува да ја вклучи Молдавија во потенцијален вооружен конфликт со Русија, оцени денеска Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СНР).
„Според информациите што пристигнуваат во СНР, НАТО активно се подготвува да ја искористи Молдавија во можен вооружен судир со Русија. Во Брисел е донесена одлука за забрзување на трансформацијата на Молдавија во база на Алијансата на источниот фронт, со оглед на напредувањето на руските сили во Украина“, се наведува во соопштението.
Според СНР, молдавските власти се надеваат на поддршка од НАТО за проевропската партија „Акција и солидарност“ на претстојните парламентарни избори. Доколку претседателката Маја Санду победи, таа наводно ветила дека ќе го укине неутралниот статус на земјата.
Односите меѓу Москва и Кишињев значително се влошија по доаѓањето на Санду на власт кон крајот на 2020 година, при што таа се залага за поголема интеграција на Молдавија со Европската Унија, тврдат руските служби.