Падна договор во Европски фронт: Села во Струга, Бујар Османи за Чаир, Таравари во Гостивар

ДУИ ќе се бори и за Липково со Еркан Арифи, во Тетово со Бајрам Реџепи, Боговиње со Бесник Емшиу, Желино со Емир Сулејман, Брвеница со Аркин Јахији, Чашка со Суат Шакири и Пласница каде оди Алија Јаоски.

Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ се откажува од Рамиз Мерко), Бујар Османи оди во Чаир, а новиот коалиционен партнер Арбен Таравари пак ќе „напаѓа“ за Гостивар.

Партијата на Села го „доби“ и Дебар, каде одат со кандидатот Тирон Јајага, како и за Арачиново со Дритон Небиу.

ДУИ ќе се бори и за Липково со Еркан Арифи, во Тетово со Бајрам Реџепи, Боговиње со Бесник Емшиу, Желино со Емир Сулејман, Брвеница со Аркин Јахији, Чашка со Суат Шакири и Пласница каде оди Алија Јаоски.

Таравари и неговата партија имаат кандидати за Врапчиште со Исен Шабани и Сарај каде одат со кандидатот Блерант Рамадани, дознава Курир.