
Писториус: Германија нема да ги префрли своите системи „Патриот“ во Украина бидејќи нема доволно
-Во Германија сега имаме само шест од нив. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување или обука, рече тој.
Германија нема да може да и ги префрли на Украина своите системи за воздушна одбрана „Патриот“ бидејќи нема доволно во составот на германската армија, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој изјави дека Берлин веќе префрлил три од своите 12 системи „Патриот“ на Киев.
-Во Германија сега имаме само шест од нив. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување или обука, рече тој.
Тој истакна дека станува збор за мал број системи, особено кога ќе се земат предвид целите на НАТО за капацитети.
Германскиот министер истакна дека за време на претстојните состаноци со американскиот министер за одбрана Пит Хесгет, ќе разговара за неговиот предлог Вашингтон да му предаде два од своите системи „Патриот“ на Киев.
Писториус, исто така, рече дека Германија нема да ги испорача своите ракети со долг дострел „Таурус“ на Украина, и покрај неодамнешниот бран руски воздушни напади и обновеното барање на Киев за ракетите.
Писториус денеска треба да се сретне со Хегсет во Вашингтон, а главната тема на разговорот треба да биде „патната карта“ за американската безбедносна поддршка на Европа.