Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија

Русија со беспилотни летала ноќеска извршила напади на повеќе локации во Украина, а украинските сили возвратиле со удари на руска територија, пренесува ДПА.

Русија со беспилотни летала ноќеска извршила напади на повеќе локации во источна Украина, а украинските сили возвратиле со удари на руска територија, пренесува ДПА.

Во рускиот напад врз јужниот регион Херсон се повредени единаесет лица, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин. Гасовод, бензинска пумпа, автосервис и приватни возила се оштетени во нападите, напиша Прокудин на Телеграм.

Во источниот украински град Чугуив, најмалку три лица се повредени во напад со беспилотно летало, меѓу кои и дванаесетгодишно момче, соопшти воениот гувернер Олех Синегубов. Две лица се повредени и во градот Купјанск.

Цел на руските напади бил и главниот град Киев, а сирени за воздушен напад се огласиле и во северниот Сумски регион, Доњецк и Харков на исток и Днепар и Запорожје на југоисток.

Украина, пак, нападна цели во Русија. Непријателски беспилотни летала се пресретнати во Ростовскиот регион во јужна Русија и во Смоленскиот регион југозападно од Москва, соопштија руските власти.