Биљал Касами – претседателот на движењето БЕСА вели дека неговата партија нема да бара предвремени парламентарни избори затоа што сега не е време за тоа, но ќе бараат од меѓународните партнери дополнителни механизми за контрола на власта.
Тој во интервју за Радио Слободна Европа рече дека сега нема да бараат предвремени избори за да не создаваат дополнителни проблеми.
„Наше барање до меѓународните партнери е да имаме дополнителни механизми за контрола на владата. Ако договориме дека во ситуацијата во која е Балканот поради војната во Украина не е време да се организираат предвремени, тогаш мора да се договориме да се создадат тие дополнителни механизми за да се заштитиме од корупција од високо ниво“ – вели Касами.