Скендер Реџепи го нема на Конгресот на Алтернатива!

Во македонска Филхармонија денеска се одржува првиот Конгрес на политичката партија Алтернатива, а пратеникот Скендер Реџепи Зејди не присуствува на настанот

Реџепи во изјава за ТВ21 посочи дека не присуствува на Конгресот бидејќи сметал дека тоа ќе биде попринципиелно на ставовите кои јавно ги искажал пред неколку дена.

„Не присуствував на конгресот бидејќи сметав дека тоа ќе биде попринципиелно од ставовите што јавно ги искажав пред неколку дена. Од моите јавни ставови, граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори кога ќе се имплементира Алтернатива-Владиниот договор“ – изјавил Реџепи.

Инаку, Реџепи пред неколку дена во гостување на истата телевизија ги критикуваше структурите на партијата, особено претседателот Африм Гаши и порача дека Алтернатива нема зошто да остане во Владата доколку не ги исполни програмите за политички монтираните случаи.

„Доколку Владата не е во состојба во што е можно побрз рок да направи вакви нешта, тогаш нема причина зошто Алтернатива да биде дел од Владата. Ние имаме програма што ја ветивме, имаме наши точки. Сега не можеме да ги погледнеме луѓето в очи бидејќи не успеавме да ги реализираме програмските цели што ги имаме. 100 дена не се малку“ – рече тој.