Кузеска: Нарачаните анкети се доказ за паниката кај Мицкоски, неговиот рејтинг опаѓа!

Портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска на прашање како ја коментираат последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата има предност пред власта вели дека тоа е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации.

„Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби. Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните“ – вели Кузеска.