Во Торино синоќа се одржа 66-та по ред Евровизија. Во финалето настапија 25 земји, а се пееше на 12 јазици.
Победник е Украина со песната „Стефанија” на Калуш Оркестра.
Според гласовите од националните жири комисии, најмногу поени доби Обединетото Кралство – вкупно 283, потоа следуваа Шведска – 258 и Шпанија – 231 поен, но сепак победата оди за Украина затоа што така одлучија поените на гледачите.
Вкупниот број поени за Украина беше 631, зад нив претставникот на Обединетото Кралство – Сем Рајдер со нумерата „Space man“ го заврши натпреварот со 466 поени, а на третата позиција заврши Шпанија со Шанел Тереро и песната „Сло Мо“.
Украина уште на стартот важеше за фаворит, а високо котираше и северниот сосед Србија и Констракта, која на крајот заврши на петтата позиција со освоени вкупно 312 поени.
Македонија 10 поени им додели на Србите, додека 12-ката отиде за Шпанија.
Македонската овогодинешна претставничка Андреа со нумерата „Кругови” не успеа да се пласира во финалето на Евровизија.
Ова е победничкиот настап на Калуш Оркестра со „Стефанија“: