Курти: Србија не сака договор со Косово!

Премиерот на Косово – Албин Курти вели дека Србија не сака договор со Косово и дека причина за тоа е што на српскиот претседател, Александар Вучиќ му пречи напредокот што го бележи косовската држава.

„Јас немам дилеми. Знам дека нашиот главен преговарач (вицепремиерот, Бесник) Бислими бил и конструктивен и креативен, но јасно е дека Белград не е заинтересиран да има договор. Ние воопшто не сакаме да го ставиме под знак прашање принципот на реципроцитет. До посредникот е да даде објаснување зошто конкретно не е постигнат договорот, кој бил многу блиску и за кој и Лајчак се заложил многу“ – изјави Курти.

Шефот на косовската Влада вели дека Белград во последно време „ја засилува агресивноста кон Косово“, затоа што на српскиот претседател Вучиќ му пречат „успесите на Косово на сите полиња“.

„Српскиот претседател ја засилува агресивноста кон Косово и јс сум уверен дека тоа е поради успесите на Косово. Ние напредувме на сите полиња, и тоа нему му пречи“ – рече Курти.