„Сапорт Кочани“ до премиерот: Не ја убивајте солидарноста и ентузијазмот на луѓето

„Supportkocani не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение. Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да нѐ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница. Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во ‘Пулс’, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“, се вели во реакцијата на Супорт Кочани.

Организацијата „Сапорт Кочани“ која помага на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски порача властите да не ја саботираат нивната работа и да и да лепат политички етикети. Мицкоски на вчерашната прослава на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Велес изјави дека „едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење“.

„Supportkocani не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение. Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да нѐ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница. Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во ‘Пулс’, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“, се вели во реакцијата на Супорт Кочани.

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на прославата на УМС во Велес во говорот се осврна и на критиките од опозициската СДСМ, оценувајќи ги како злоупотреба на трагедијата во Кочани.

„Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори. Паралелно со ова што тие го говорат тече и прекиот суд на прес-конференции на СДСМ“, рече Мицкоски.