
(Видео) Ивановска: Корупцијата е насекаде- партии во клучни моменти се сложни калуѓери во петок што мрсат
🔴 „Приказната со дивоградбите во Општина Чаир не е од сега. Таа е долга. Дури на претходните парламентарни избори, поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа - Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава? Само лично признание пред цела македонска јавност“, изјави во магазинот „Трилинг“ поранешната претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска говорејќи околу последниот случај со дивоградбите во Чаир кој наидува на институционален молк и на што се должи оваа недоследност во реакцијата иако власта велеше дека нема селективно да реагира доколку има и елементарен сомнеж за корупција. 🔴 -Не сме далеку од држава во држава. И треба многу енергија да се справиме со ова и можеме да се справиме. Не дека не. Кога се случуваат вакви допири на дно на дното треба да се направи отскок. Како да се направи тоа? Така што ќе се исчисти се тоа што не довело да дојдеме до тоа дно“, вели Ивановска. 🔴 -Меѓународната заедница, додава Ивановска, констатира за нас дека корупцијата во Македонија е навлезена во сите пори и дека треба многу силна политичка волја за раскинување на заднинските политички мрежи. Ова се кажува - заднински политички мрежи. Меѓу кого? Меѓу политичките партии. Тоа се се договори. Кој е најголемиот ризик од корупција? Силното политичко влијание, договорите помеѓу партиите. Пазете во клучни моменти тие се заедно. Тие во сложни моменти се сложни калуѓери во петок што мрсат. Мислам да не се лажеме. Гледајте по Кривичниот законик. Еве го Законот за дивоградби и ред други. Значи секаде каде што треба се тука кога се работи за интерес - личен, партиски и слично, но не и за јавен интерес. Е тука е проблемот, смета Ивановска. 🔴 - За директорките по кратка постапка со барање информации од Америка од центарот за ТОЕФЛ добија информации дека тие госпоѓи не полагале и имаше и судски пресуда. Во овој случај некако многу се штити од сите страни. Значи и начинот на водење на предметот во ДКСК беше несоодветно воден, а и сега и понатаму не е возможно вие на новинар да не му давате податоци и е срамно поради нетранспарентност ДКСК да завршува со пресуда на Управен суд кој вели мора да ги дадете податоците. Тоа е дозволиво. И од овој случај со сертификатите ништо не научивме. Значи не е само Бојан Христовски. Можеме така да го крстиме предметот, но факт е дека во Македонија има бројни и бројни лажни фалсификати. Не само за познавање странски јазик, туку и за високо образование. Но ајде да се задржиме за овие за странски јазик. Се сеќавате што се случи во Парламентот? Христијан Мицкоски на Венко Филипче му ги даде, еве ти ги од твојата партија лажните сертификати и предметот застана. Што значи тоа? Тоа е политичко пазарење. Иако и ова беше момент да се расчисти со лажните фалсификати, бидејќи јас сум сигурна и сум уверена дека во двете главни партии македонски и албански, и во опозицијата и во позицијата, има луѓе со вистински сертификати и има луѓе што со свој труд го стекнале знаењето. Е тие требаше да се изборат против „лажњаците“, вели Ивановска.
-Сметам дека тука и тоа како има простор за постапување од страна на Обвинителството. Треба сериозно да пристапи кон овој проблем, бидејќи дивоградбите во Општина Чаир не се нешто нов. И ние сме имале предмети, дури имавме и кривична пријава поднесена за градоначалникот на општината. И тоа пријава доставена од Државниоt инспекторат за градежништво кој не можел да се справи како таков во општината и побара помош од ДКСК. Не можел да се справи – во смисла не добивал документи од општината. И ние не добивавме документи од Општина Чаир, дури имавме и прекршочни казни за градоначалникот кој не ни доставуваше документи по други предмети. Зборам за предмет кој беше дивоградба.
-Не ни доставуваше документи, чекавме подолг временски период, за после тоа да добиеме одговор од градоначалникот дека објектот е изграден и ги исполнува условите за легализација. Ве молам. По тој предмет ние доставивме кривична пријава во обвинителството и сега неодамна откако почнаа овие настани со градоначалничката на Скопје излезе во медиумите одговор од обвинителството, дека тие постапуваат по нашиот предмет, дека градоначалникот им дал податоци за друга парцела и дека тие побарале помош од друга надлежна институција да утврди за која парцела станува збор. Обвинителството не кажа дали покренале друга постапка за градоначалникот за доставување лажни податоци. Пак ќе кажам – приказната со дивоградбите во Општина Чаир не е од сега. Таа е долга. Дури на претходните парламентарни избори, поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа – Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава? Само лично признание пред цела македонска јавност“, изјави во магазинот „Трилинг“ поранешната претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска говорејќи околу последниот случај со дивоградбите во Чаир кој наидува на институционален молк и на што се должи оваа недоследност во реакцијата иако власта велеше дека нема селективно да реагира доколку има и елементарен сомнеж за корупција.

Ивановска смета дека веднаш мора и треба да има реакција по допрен глас, а зошто нема, вели „може таму треба да го барате одговорот“.
„Сметам дека веднаш мора да постапат и дека ова е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир. Искрено да ви кажам, како родена чаирчанка, човек што сум пораснала во Чаир, мене срце ме боли за тоа се таму што е направено, таква бетонизација и се. Чаир беше симбол за зеленило. Чаир по турски значи ливада. Значи беше симбол за зеленило, за убавина, за пространост. Сега се тоа е уништено. Каде води ова?“, запраша Ивановска.
Околу тоа што значи овој молк од извршната власт во однос на прозивките на градоначалничката и дали всушност во случајот Ганиу и се препознава и тактичност на премиерот Мицкоски од опасност од поголеми политички последици, Ивановска вели дека не сака да навлегува во политички анализи и дека правосудството треба да биде оставено независно да си работи и поднесува претставки.
„Во анализата што ја правевме за ризиците од корупција во правосудниот сектор судиите и обвинителите се изјаснија дека трпат влијание. Значи добро е што извршната власт не се меша. Треба да се поттикнат и да се изјаснат. Дали постојат дивоградби? Постојат. Да се држиме до фактите. Факт е дека постојат дивоградби. Факт е дека некој ги легализирал. Факт е дека тоа е изградено после 2011 година. Но мене и една друга дилема ми се врти низ глава – кога станува збор за правен статус на бесправно изградени објекти, некако сите партии се сплотуваат. Ако се сеќавате во 2021 година беше донесен закон за дивоградбите и тие заедно го изгласаа, иако ние во стратегијата препорачавме дека тој закон треба да се ограничи, да не се применува и слично. Пратениците по скратена постапка го донесоа. Тогашниот претседател не го потпиша. Ние во ДКСК организиравме дебати за дивоградби, како да се разграничат кои припаѓаат на социјално загрозено население, а кои за обезбедување профит и тн., дадовме низа препораки. Оттогаш поминаа четири години. четири години молк, нема ни закон.
-Не сме далеку од држава во држава. И треба многу енергија да се справиме со ова и можеме да се справиме. Не дека не. Кога се случуваат вакви допири на дно на дното треба да се направи отскок. Како да се направи тоа? Така што ќе се исчисти се тоа што не довело да дојдеме до тоа дно“, вели Ивановска.
-Меѓународната заедница, додава Ивановска, констатира за нас дека корупцијата во Македонија е навлезена во сите пори и дека треба многу силна политичка волја за раскинување на заднинските политички мрежи. Ова се кажува – заднински политички мрежи. Меѓу кого? Меѓу политичките партии. Тоа се се договори. Кој е најголемиот ризик од корупција? Силното политичко влијание, договорите помеѓу партиите. Пазете во клучни моменти тие се заедно. Тие во клучни моменти се сложни калуѓери во петок што мрсат. Мислам да не се лажеме. Гледајте по Кривичниот законик. Еве го Законот за дивоградби и ред други. Значи секаде каде што треба се тука кога се работи за интерес – личен, партиски и слично, но не и за јавен интерес. Е тука е проблемот, смета Ивановска.
Говорејќи околу тендерот за полициски униформи (4 милиони евра) кој го добија две компании, едната со само мало модно студио со двајца вработени. Друга компанија која е формирана непосредно, дваесетина дена пред повикот на тендерот и дали има простор за сомнеж околу целиот овој случај, Ивановска вели дека факт е дека секој договорен орган што ќе распише тендер постапка за набавка на работи, услуги, мора да се раководи од начелата коишто се пропишани во законот – економичност, ефикасност, ефективност во трошењето на јавните пари.
„Значи се трошат пари заради остварување на целите. Начело на транспарентност, на дискриминација и тн., и има едно начело и се вика начело на сразмерност. Ова начело е многу важно и не знам во последно време колку го почитуваат договорните органи. Зошто? Затоа што за да се јави некој економски оператор на тендер, тој мора да исполни три услови според Законот за јавни набавки Првото е дека има способност за професионално делување. Тој доказ се вади од Централен регистар. Второто е дека е економски и финансиски стабилен и третото е дека има техничка и професионална способност. Пазете сега, Законот вели дека договорниот орган мора да го испочитува само првиот услов. Значи мора, но не го ограничува да ги почитува и останатите два услови. Вика може и да обезбеди економска и финансиска стабилност, техничка, професионална исполнетост и тн., значи не го ограничува дека може да ги побара и тие услови. И сега што сакам да кажам? Кога станува збор за нешто вака големо, почитувајќи го начелото на сразмерност, што значи дека тендерот требада биде во сразмерност со предметот на набавката и во зависност на тоа да се бараат критериуми, услови, број на вработени, односно се што е потребно да не увери дека ние ќе имаме квалитетна и навремена набавка, во овој случај во отсуство на тие услови се поставува таков ризик дека можно е со ниски капацитети на одбраните економски оператори да не добие Министерството квалитетна и навремена опрема за полицајците. Зборот ми е дека иако Законот не е прекршен, побарано е тоа што мора, но имале простор да побараат и тоа што ќе им овозможи да имаат појасна слика кој економски оператор го бираат да им ги сошие униформите. Фактот што не ги побарале создава ризик и го поставува ризикот дали ние ќе добиеме квалитетна набавка. Создава ризик и дилема се појавува кај јавноста, кај сите. Тука има и простор за работа за финансова полиција, за истражување, можеби има други крајни сопственици на тие компании. Има можност за истражување колку сакате.

Околу затворањето на истрагата за случајот со пожарот во Кочани и дали оваа трагедија е резултат на децениска корупција, незаконски дозволи, ерозија на целокупниот систем, Ивановска смета дека Кочани е најтешката лекција што ние ја добивме во овие 35 години.
„Значи најтешката лекција, со најтешки последици. Замислете колку години таа дискотека опстојувала без почитување на сите пропишани правила за постоење на таа дискотека, односно кабаре. Се почесто ги регистрираат како кабаре за да може покасно да работат и од друга страна без никакви контроли, а дури се шират муабети дека во убавите времиња дека таму доаѓале претставници од опозиција, позиција и си го поминувале времето. Значи кај нас многу е битно каков впечаток ќе се остави и се тргува со влијанието. Ако во вашиот локал влегува некој познат моќник тогаш кој смее вас да ви прави контрола. Значи зошто не се направени контролите. Зошто градоначалникот кој треба да знае што му работи во неговата општина немал реакции претходно. Не само последниот и сите претходни. Министрите за економија. каде е регистарот на тие ноќни клубови. Ние покренавме таков предмет по сопствена иницијатива, но имавме претставка после тоа и ги споивме за скопските локали. Ние тука откривме дека имате локали кои имаат забрана за работење од страна на инспекторите и тие продолжуваат да работат. Па кој им го дозволува тоа?. Значи она суптилно влијание позадинско, е очигледно дека постои, ако е позадинско.
-Значи ние да бевме паметни и сами од своите грешки да учевме, како млада држава, далеку ќе стигневме. Меѓутоа тука се во прашање високите суети. А вие каде што имате високи суети и високо его не очекувајте разум. Значи потребен е разум, потребна е висока свест. Психолозите тоа многу едноставно го објаснуваат. Или сте над линијата или сте под линијата. Ако сте над вие сте со отворен пристап, слушате внимателно, го слушате соговорникот, го почитувате, преземате одговорност и ги преиспитувате вашите ставови, не се расправате, дискутирате без да се карате. Но ако сте под линијата е тогаш вие секогаш некого обвинувате, барате виновници, озборувате, го напаѓате гласникот и секогаш повикувате некој да ви даде потврда. Ова второво не е слика нашето општество?. Само кривци си бараат едни меѓу други, се озборуваат, си бараат потврда кај народот, со тврди ставови настапуваат без простор да се гради став врз база на аргументи. Е ние кога ќе пораснеме над линијата тогаш ќе учиме и од своите грешки и ќе бидеме на повисоко ниво на општествена свест“, додава поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска.
Околу одлуката на Управниот суд со која се бара ДКСК да овозможи увид врз сомнителниот сертификат за англиски јазик на директорот на АНБ Боја Христовски и како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив, Бугарија, кога суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков сертификат кој е оценет како невалиден и Ивановска смета дека се работи за двојни аршини.
„За директорките по кратка постапка со барање информации од Америка од центарот за ТОЕФЛ добија информации дека тие госпоѓи не полагале и имаше и судски пресуда. Во овој случај некако многу се штити од сите страни. Значи и начинот на водење на предметот во ДКСК беше несоодветно воден, а и сега и понатаму не е возможно вие на новинар да не му давате податоци и е срамно поради нетранспарентност ДКСК да завршува со пресуда на Управен суд кој вели мора да ги дадете податоците. Тоа е дозволиво. И од овој случај со сертификатите ништо не научивме. Значи не е само Бојан Христовски. Можеме така да го крстиме предметот, но факт е дека во Македонија има бројни и бројни лажни фалсификати. Не само за познавање странски јазик, туку и за високо образование. Но ајде да се задржиме за овие за странски јазик. Се сеќавате што се случи во Парламентот? Христијан Мицкоски на Венко Филипче му ги даде, еве ти ги од твојата партија лажните сертификати и предметот застана. Што значи тоа? Тоа е политичко пазарење. Иако и ова беше момент да се расчисти со лажните фалсификати, бидејќи јас сум сигурна и сум уверена дека во двете главни партии македонски и албански, и во опозицијата и во позицијата, има луѓе со вистински сертификати и има луѓе што со свој труд го стекнале знаењето. Е тие требаше да се изборат против „лажњаците“, вели Ивановска.

Ивановска препознава и конфликт на интереси во случајот, имајќи ја предвид поврзаноста на директорот Христовски со еден член на ДКСК.
„Сите знаевме дека членот на ДКСК предава во таа институција. Она во најмала рака требала да се изземе, а не да побара изземање па Комисијата да одлучи дека. Значи изземањето е личен чин. Таа требала да се изземе и толку и никако не требало да го работи тој предмет. Понатаму предметот е работен во одделение за судир на интерес, што е апсурдно, бидејќи станува збор за корупциски предмет. Значи таму има многу неправилности и мислам дека тука треба Собранието, ако има интегритет како што треба, да си повика надзорна расправа – ајде повелете објаснете како сте дошле до тоа што сте дошле, до вашите увиди, како сте ги направиле, какви наоди сте извлекле, што сте извлекле, што се доставиле. Собранието има право на тоа, но ништо од тоа“, вели Ивановска.
Околу тоа каков е кредибилитетот денес на Антикорупциската, дури и ако се докаже дека актуелната претседателка не сторила кривично дело и зошто иако даде изјава дека не поднесува оставка зошто сѐ уште ДКСК функционира во вакви околности со низа на сомнежи околу капацитетот и кредибилитет, Ивановска смета дека тоа што не поднела оставка нанела штета на институцијата.
„По мене требаше веднаш да се повлече, без разлика дали е виновна или не. Тоа ќе го докаже обвинителство, суд и тн. Требаше да има еден чекор – еден морален чин. Требаше да се повлече. На овој начин факт е дека го нарушува угледот на институцијата. Собранието пак е на потег. Таа има забрана од страна на Обвинителството за вршење на работи во ДКСК, а во Законот стои дека Собранието може да разреши член на Комисијата во услови кога има забрана. Значи Собранието има основа да изврши разрешување на претседателката. Прашање е зошто не го прави тоа.. ВО секој случај, јас не знам дали постои друго место на светот вие да имате забран од суд да работите, да не одите да работа и да земате функционерска плата. Кај го има ова на друго место во светот јас не знам“, вели Ивановска.
Целото интервју погледнете го видеото.