Алкараз ќе игра во финалето на Ролан Гарос втора година по ред

Мусети одигра одличен прв сет, што го доби со 6-4, но потоа Алкараз израмни откако беше подобар во тај-брејкот. Третиот сет Шпанецот го доби со максимални 6-0, а еден гем претходно Италијанецот побара медицинска помош поради проблеми со левата нога. Во четвртиот сет, Мусети загуби уште два гема, па реши да го предаде мечот, бидејќи не можеше да продолжи.

Шпанецот Карлос Алкараз ќе игра во машкото финале на турнирот Ролан Гарос втора година по ред.

Шампионот од 2024 година се квалификуваше за финалниот натпревар по 4:6, 7:6(3), 6:0, 2:0 и повлекувањето на неговиот противник Лоренцо Мусети од Италија.

Мусети одигра одличен прв сет, што го доби со 6-4, но потоа Алкараз израмни откако беше подобар во тај-брејкот. Третиот сет Шпанецот го доби со максимални 6-0, а еден гем претходно Италијанецот побара медицинска помош поради проблеми со левата нога. Во четвртиот сет, Мусети загуби уште два гема, па реши да го предаде мечот, бидејќи не можеше да продолжи.

Во финалето во недела, вториот светски рекет ќе се соочи или со лидерот на ранг-листата Јаник Синер од Италија или со освојувачот на 24 Гренд слем титули – Новак Ѓоковиќ од Србија, кои ќе се сретнат во второто полуфинале.

-Не е убаво да се победи вака, особено во натпревар со таков влог. Мусети имаше неверојатна сезона на земјена подлога и играше полуфиналиња на сите големи турнири на црвена подлога. Му посакувам брзо закрепнување и мислам дека наскоро повторно ќе уживаме во неговиот тенис, рече Алкараз во интервјуто на теренот по натпреварот.