
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана.
Од ЈОРМС, посочуваат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.
– Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Истовремено, во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лице од општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир, со тоа што овој процес на обезбедување на вербални докази е сѐ уште во тек, информираат од ЈОРСМ.
По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, како што посочуваат од Обвинителство, ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука.