Кварацхелија стана шампион на Италија и Франција во иста сезона

Наполи синоќа го победи Каљари (2:0) и стана шампион на Италија за сезоната 2024/25. Така, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Квича Кварацхелија е победник на Серија А и француската Лига 1 во една сезона.

Наполи синоќа го победи Каљари (2:0) и стана шампион на Италија за сезоната 2024/25. Така, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Квича Кварацхелија е победник на Серија А и француската Лига 1 во една сезона.

Дваесет и четиригодишниот Грузиец ја започна сезоната во Наполи, а во зима се пресели во ПСЖ, со кого го освои француското првенство.

Оваа сезона во Серија А, Кварацхелија одигра 17 натпревари, постигна пет гола и имаше три асистенции.

Кварацхелија ќе има можност сезонава да дојде и до трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи ПСЖ на 31 мај го очекува финале со Интер.