Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија – Жозеп Борел.
Ковачевски изрази благодарност за ангажманот на Борел за неговата континуирана и цврста поддршка за Република Северна Македонија.
Двајцата ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.
Во таа насока беше изразено дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.