Драги: Русија и САД да седнат на маса и да стават крај на борбите во Украина

„САД и Русија треба да разговараат меѓу себе за да се обидат да стават крај на борбите во Украина“.

Ова е изјавата на италијанскиот премиер Марио Драги, еден ден по средбата со американскиот претседател – Џо Бајден.

Драги денеска на прес-конференција рече дека тој и Бајден препознале дека патот до мирот е многу комплициран, но рече дека сите треба да вложат напори за да им помогнат на Русија и Украина да најдат крај на конфликтот.

„Има толку многу можности, но пред да дојдеме до таа точка, треба да се направи напор и тоа е напор што треба да го направат сите сојузници, особено Русија и САД, за да седнат на маса“ – рече Драги.