Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик

За полагање на двата екстерни испита од годинашната државна матура, што ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни, пријавени се 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

За полагање на двата екстерни испита од годинашната државна матура, што ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни, пријавени се 15 004 кандидати.  Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

-Подготовките за организирање на државната матурата течат согласно предвидената динамика. Се прават последните подготовки за реализација на испитите, изјави за МИА Даниела Јовчевска-Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ), две недели пред полагањето на првиот екстерен испит – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите ученици.

Според податоците на ДИЦ, 9969 ученици се пријавени за испитот по македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. Како и во минатите години, и на оваа државна матура најголем број избрале да полагаат англиски јазик (13 457).

За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. За надгледување на испитниот процес, ДИЦ ќе ангажира околу 2000 тестатори.

Матурантите ќе ја полагаат државната матура во своите училишта доколку ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои немаат просторни услови, ДИЦ ќе овозможи полагањето да се спроведе на факултетите врз основа на барања што му ги доставиле засегнатите училишта. Наскоро на својата веб-страница ДИЦ ќе објави распоред со локации односно учениците од кои училишта каде ќе полагаат.

-Сите училишта кои ги исполнуваат просторните можности, согласно Правилникот за организирање државна матура, што значи метар и половина растојание пред и зад ученикот и од страна, имаат можност да полагаат во големите простории коишто ги имаат во училиштата, а тоа се фискултурните сали или холовите. За останатите училишта, коишто немаат такви можности или не ги исполнуваат просторните услови, државната матура ќе се организира на други локации, поточно на факултетите, изјави Јовчевска-Михајловска.

Државниот испитен центар во изминатиот период од директорите односно од училишните матурски одбори побарал да ги анализираат просторните услови и, доколку не се во можност во своите училишта да организираат матура според Правилникот, да достават барање за алтернативен простор.

Директорката на ДИЦ вели дека има повеќе такви училишта во државата, но, за разлика од минатите години кога, како што рече,  за полагање на матурата во спортски сали на други училишта, тие самите обезбедувале и дотаму превезувале клупи и столчиња, оваа година ќе им бидат обезбедени услови на факултетите каде што сѐ ќе им биде наместено.

Идејата за поставување блокатори за мобилни телефони и за други електронски уреди, со кои би се оневозможило препишувања и други злоупотреби на испитите, нема да се реализира ни оваа година, но  таа  опција, вели Јовчевска-Михајловска, останува за во иднина.

Во пресрет на полагањето на екстерните испити и во рамки на подготовките за завршниот испит – ДИЦ во изминатиот период објави тестови од минатите години заедно со точни одговори што им помага на матурантите како подготвителен материјал.  Покрај екстерните испити, дел од државната матура се и два интерни испита и проектна задача.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека државна матура ќе има и оти таа е законска обврска. Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, т

Матурантите кои во јунската испитна сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Минатата 2023/2024 година, средната оценка од државната матура беше 3,25, во 2023 беше 3,65, во 2022 просечната оценка од испитите по сите предмети беше 3,78 и 3,61 во 2021.

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Единствен пат не беше организирана на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.