
Италијано конечно крена трофеј: Изгубив три финалиња, не сум ни помислил дека ќе успеам веднаш со Болоња
Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија, откако синоќа на Олимпискиот стадион во Рим го победија Милан со 1-0 во финалето. Единствениот гол го постигна Дан Ендој во 53-тата минута
Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија, откако синоќа на Олимпискиот стадион во Рим го победија Милан со 1-0 во финалето. Единствениот гол го постигна Дан Ендој во 53-тата минута.
Болоња го освои третиот Куп трофеј во историјата, но првиот по 51 година, односно по 1974 година.
Тренерот на Болоња, Винченцо Италијано, не ја криеше својата среќа по освојувањето на трофејот.
-По неколку разочарувања, мислам дека победата на Болоња беше заслужена. Исто така, затоа што одигравме одличен натпревар, а момците прикажаа неверојатна изведба. Во второто полувреме, одговоривме на сите потези на Милан, рече Винченцо Италијано.
Само пет дена претходно, Болоња беше поразена од Милан (3:1) во Серија „А“, но тоа не влијаеше негативно на овој тим.
-Оваа сезона направивме одличен пат до трофејот, сите заедно. Овие луѓе ја заслужија наградата. Што се однесува до мене, јас доаѓам од три финалиња што ги загубив со Фиорентина. Тоа се големи разочарувања, не мислев дека ќе успеам веднаш со Болоња. Го посветувам трофејот на семејството Бароне (директор на Фиорентина кој почина минатата година), рече Италијанецот.