
(Видео) Цветановски: Борбата да останеш свој и покрај притисоците е вечна тема на македонскиот народ
🔴 -Борбата да останеш свој и покрај сите притисоци е вечна тема на македонскиот народ, но и на сите помали народи кои имаат сличен или ист проблем како што го имаме ние. 🔴 -Класиката е секогаш современа. Тоа е она што ја прави класика и мислам дека главните човекови слабости и она што се крие во човечката душа секогаш се актуелни и универзални. Затоа и класиката заедно со националната драма би требало да бидат столб на секој репертоарен театар. По изборот на моите текстови може да се види дека се обидувам да живеам по таа максима“, вели Цветановски.
„Можеби 7-8 години ми стои како тема и мотивација, но на неколку места каде што сум се обидол да го понудам како материјал за работа не наоѓав на заеднички јазик. Кога директорот Васко Мавровски ми се јави да соработуваме за оваа година, кога го предложив текстот, без двоумење рече Да. Темата на помал народ е секогаш актуелна и мислам дека и сега е актуелна со се она што се случува во светот“, изјави за „Трилинг“ режисерот Андреј Цветановски, на прашањето од каде провокацијата да ја режира „Црно семе“ токму сега во овој актуелен миг.
Околу тоа дека во „Црно семе“ акцент се става на македонскиот идентитет, Цветановски вели дека една од работите е да останеш свој и покрај сите притисоци.
„Борбата да останеш свој и покрај сите притисоци е вечна тема на македонскиот народ, но и на сите помали народи кои имаат сличен или ист проблем како што го имаме ние“.

Околу тоа како во класиката ја бара современата нарација, Цветановски вели дека токму тоа е класиката.
„Таа е секогаш современа. Тоа е она што ја прави класика и мислам дека главните човекови слабости и она што се крие во човечката душа секогаш се актуелни и универзални. Затоа и класиката заедно со националната драма би требало да бидат столб на секој репертоарен театар. По изборот на моите текстови може да се види дека се обидувам да живеам по таа максима“, вели Цветановски.
За тоа какви дилеми истражувал во „Црно семе“, вели дека тоа се дилемите дали вреди да се издржи, дли вреди да се потпише, што е попаментно, дали е доволна мислата за да успееш да издржиш и покрај сите притисоци и се обидовме да најдеме некаков баланс помеѓу тоа епсо страдење што го носи романот и некаква химнична лиричност којашто се обидувавме да ја најдеме и преку ликот на Ангелина којшто во романот постои во мислите на главниот јунак Доне, а филмот се бави со други работи.
Целиот разговор со режисерот Андреј Цветановски погледнете го во видеото.