Фетаи: АА предводена од Таравари засега останува во владиниот тим

Членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и работата во извршната власт продолжува нормално, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи.

Членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и работата во извршната власт продолжува нормално, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи.

Додаде дека на вчерашната владина седница не била кажана ниту една загриженост.

„Засега ништо не е променето, до консултациите што се очекуваат да се случат во наредните денови. Верувам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да се размислува за стабилноста на оваа Влада. АА со своите петмина пратеници е клучна за стабилноста на овој состав“, рече тој.

Наредните денови, како што додаде, премиерот Мицкоски ќе има средби со лидерите на колаициските партнери АА, ВЛЕН и ЗНАМ.

На прашањето како Алијансата на Албанците на Таравари ќе настапи на локалните избори, дали ќе коалицира со опозициските партии, Фетаи потенцира дека во оваа фаза не сака да прејудицира и оти нивната партија ќе најде решение за најдобрата понуда за граѓаните.

„Не сакам да го прејудицирам исходот од различните контакти што се случуваат во оваа фаза. Сега засега, додека разговараме и додека нема одлука меѓу коалициските партнери, ние сме дел од Владата. Не сме исклучени, продолжуваме да придонесуваме во парламентарното мнозинство. Нашите пратеници продолжуваат да ја вршат својата работа, а ние во извршната власт. Јас се надевам дека ќе се најде решение што ја нуди најдобрата понуда за граѓаните на оваа земја, како за локалните избори, така и за предвремените парламентарни избори ако тие се случат и кога и да се случат, нагласи Фетаи.