ВЛЕН ќе стане една партија, трансформацијата ќе почне идната недела
Од коалицијата ВЛЕН ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити.

Тој информира дека политичкиот субјект ВЛЕН ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните избори. Според Меџити имињата на кандидатите за градоначалници се уште не се дефинирани, но тоа не претставува проблем, бидејќи главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.
„Гласачите бараат спојување на ВЛЕН во еден субјект. Не сум тврдел дека сум лидер на ВЛЕН, ме интересира само концептот. Не е важно кој ќе биде претседател бидејќи успехот на проектот е поважен од поединечните позиции“, посочи Меџити.