Левандовски може да го пропушти полуфиналето во Кралскиот Куп

Барселона во трилер меч ја совлада Селта со 4-3, но кон крајот на натпреварот остана без Роберт Левандовски

Барселона во трилер меч ја совлада Селта со 4-3, но кон крајот на натпреварот остана без Роберт Левандовски.

Полјакот ја повреди тетивата и мораше да го напушти теренот, а според првичните информации тренерот Ханси Флик можеби нема да го има на располагање за полуфиналето од Кралскиот Куп против Реал Мадрид следната сабота.

-Треба да почекаме дополнителни прегледи. Ќе видиме, искуството ми кажува дека не треба однапред да даваме прогнози, нагласи тренерот Флик.

Доколку најдобриот стрелец не може да игра, Каталонците имаат добри алтернативи во Феран Торес и Дани Олмо.