Ишиба: Јапонија бара праведност во економските преговори со САД
Јапонија ќе ја „нагласи праведноста“ во сите дискусии со САД за девизните курсеви, рече премиерот Шигеру Ишиба, додека очекуваните билатерални трговски разговори го привлекуваат глобалното внимание поради царините објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат агенциите.

Говорејќи на јавниот радиодифузен сервис NHK, Ишиба сугерираше дека Токио може да купи повеќе енергетски ресурси од САД и понуди флексибилност во однос на обвинувањата на САД за нецарински бариери на јапонскиот автомобилски пазар.
Трамп, кој неочекувано се приклучи на првиот круг од американско-јапонските разговори во средата и промовираше „голем напредок“, посочи дека сака разговорите да ги вклучат неговите обвинувања дека Токио намерно ја слабее својата валута за да им даде предност на своите извозници.
Ишиба рече дека ќе се одржат конкретни дискусии за валутната политика меѓу министрите за финансии Кацунобу Като и Скот Бесант.
„Ќе мораме да се справиме со ова прашање од перспектива на праведност“, рече Ишиба на прашањето како Јапонија ќе одговори доколку САД побараат зголемување на курсот на јенот.