
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат академик Таки Фити, д-р Ана Ѓорѓевиќ професор по психологија и Тиана Ивановска психолог и психотерапевт.
Во првиот дел од магазинот „Трилинг“ со академик Фити разговараме за американските царини, договорот за слободна трговија со Македонија, задолженоста на државата како и за селективната правда, неказнивоста, корупцијата и нејзините импликаци врз економијата.

„Постои опасност на која веќе укажуваат, на пример Гувернерот на Централната банка на САД укажа дека ова што Трамп го прави сигурно ќе доведе до намалување на стапките на економскиот раст, до зголемување на инфлацијата и до можна рецесија.
-Македонија има многу мала преговарачка моќ, а слободна трговија би значела увоз-извоз без царини што е подобро од царини од 33%.
-Дека има селективност има, дека има неказнивост има, дека таа неказнивост лошо дејствува и понатаму ја засилува корупцијата исто така е точно, вели академик Таки Фити.

Во вториот дел со психологот д-р Ана Ѓорѓевиќ, една од темите за кои разговараме е во какво општество живееме, за медиокритетите и отуѓеноста.
„Живееме во општество во кое имаме медиокритети, во кое не секогаш се цени она што значи квалитет.
-Оние коишто се посовесни, кај кои нивото на совесност е повисоко имаатпониско задоволство од животот“, вели Ѓорѓевиќ.

За тоа како ќе се справат семејствата или веќе се справуваат откако ја пребродија првичната шок информација дека изгубиле свое дете или некој свој близок, во третиот дел од „Трилинг“ разговараме со психологот м-р Тиана Ивановска која вели дека тоа е долгорочен процес, процес кој не може да се случи преку ноќ.