„И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори.
Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот.
И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план.
Во енергетиката имаме скап гас, скапи горива, затоа што власта не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, поскапа струја и недостаток на домашно производство кое се компензира со екстра скап увоз.
Во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг.
Ковачевски да не го слуша Заев, кој има интерес да помине подолг период од неговото заминување во надеж дека ќе се заборави на неговиот криминал, и да прифати предвремени парламентарни избори.
Од датумот договарање до датумот на одржување, ВМРО-ДПМНЕ нуди и 4 тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.
Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ“ се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.