Сите лидери на индустриски најразвиени земји – Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска. На неа се очекува во фокусот да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина.
На настанот се очекува линковски да се вклучи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД за состојбата на теренот.
Има информации дека и американскиот претседател Џо Бајден можеби ќе сака да се разговара за дополнителни санкции против Русија.
Засега нема детали за точното време на средбата.