
Кикиљас: Не се очекува зголемување на цените на билетите за траект од 1 мај
Од 1 мај ќе важи 50 отсто попуст на пристанишните такси за сите пристаништа во земјата и за концесионерите и тоа директно ќе влијае на билетите за траект, со задржување или дури и намалување на цените, рече министерот за поморство на Грција Василис Кикљас, кој утрово го посети атинското пристаниште Пиреас.
Од 1 мај ќе важи 50 отсто попуст на пристанишните такси за сите пристаништа во земјата и за концесионерите и тоа директно ќе влијае на билетите за траект, со задржување или дури и намалување на цените, рече министерот за поморство на Грција Василис Кикљас, кој утрово го посети атинското пристаниште Пиреас, јави дописничката на МИА од Атина.
Кикиљас се осврна на цените на билетите, со оглед на тоа што од следниот месец европска регулатива наметнува дополнителни трошоци за бродскиот превоз, поради употребата на поеколошки горива, но рече дека со одлуката на Владата да се намалат за 50 отсто пристанишни такси, нема да има зголемување на цените.
– Потсетувам дека на пазарот беше најавено зголемување на цените на билетите, но имам чувство дека тоа нема да се случи, по значителниот потег што го направи Владата и по падот на цената на нафтата за осум отсто, рече министерот.
Како што вчера објави МИА, заменик-министерот за поморство на Грција, Стефанос Гикас, во интервју за првиот канал на грчкото државно радио посочи дека со амандман, посебната такса за користење на пристаништа (пристанишни такси) се намалува за 50 отсто и објасни дека „патник кој плаќа билет, 2,5 проценти од вредноста на билетот оди за пристаништето на поаѓање и 2,5 отсто за пристаништето на пристигнување и ова се намалува за 50 проценти“.