Петер Сијарто – шефот на унгарската дипломатија предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија.
Сијарто на ФБ напиша дека „бриселскиот пакет“ би значел дека цената на горивото ќе скокне на 700 форинти за литар, што е 1,83 евра, а на дизелот на 800 форинти, што е 2,09 евра.
Тој нагласи дека Унгарија нема да поддржи ваков пакет санкции.
„Нема да дозволиме Унгарците да ја платат цената на војната“ – рече Сијарто.